Јас постојам!

Јас постојам!

„Родена од љубопитност, напишана од срце. Пишувам затоа што мислите ми се премногу гласни, а душата сака простор. Ако барем една личност се најде во моите редови — тогаш целта е исполнета“

„Постоиш“

е место создадено од зборови и тишини. Сајт што не брза, не вика и не убедува — туку едноставно постои. Тука живеат приказни што сакаат да бидат чуени, мисли што не нашле дом на друго место и нежности што понекогаш ги криеме од светот.

„Постоиш“ е засолниште за оние што чувствуваат малку повеќе од останатите.

Зад овие редови стојам јас — Анастасија Антеска.

Човек кој верува во љубовта, во вистината и во силата на искрениот збор.

Ова место е доказ дека некогаш, една шеснаесетгодишна девојка која сонуваше и веруваше — навистина постоела. И сè уште постои. Откако знам за себе — раскажувам. Пишувам затоа што душата не знае поинаку. Понекогаш сум тивка, понекогаш гласна — но секогаш вистинска во секој збор што го оставам тука.

Моите дела ќе пристигнуваат тивко и природно — книга по книга, текст по текст — онака како што расте и животот. Секој нов ред е мал чекор понатаму во овој универзум од чувства. Ако сакаш да бидеш дел од ова патување — продолжи да читаш.

Доволно е што постоиш.

Издаваштво

МОИТЕ ДЕЛА

Лево од срцето, близу до општината
Лево од срцето, близу до општината - back
СтатусВо продажба
АвторАнастасија Антеска
ЖанрРоман
Издание2026 / МК
Официјално издание

Лево од срцето, близу до општината

„Лево од срцето, близу до општината“ е книга за една ќерка единка која го живее светот според своето срцево календарче. Своја, посебна, различна таа живее за љубов — и ја наоѓа на секое место каде што ќе погледне.

Нејзината приказна започнува од најраните денови: домот, театарот, маалото, училиштето, градот — сè додека не стигне до крстопатот помеѓу детството и светот на возрасните. Отсекогаш знаела дека е различна од другите — по стилот, ставот, мислењата, визиите за иднината.

А вистинската љубовна авантура започнува токму по преселбата во новото маало близу булеварот. Таа раскажува за љубовите пред себе, за љубовите што ја градат, за системот и за соживотот под осумте ѕраци на сонцето што ѝ го осветлуваат патот.

Неколку момчиња ѝ го кршат срцето. Ја срушуваат до коска. Но таа не се откажува. Верува во љубовта. Го собира секое искршено парче и повторно создава целина. Се вљубува како никој никогаш. А пишувањето ѝ станува единствена терапија — засолниште, сила и вистина.

„Лево од срцето, близу до општината“ е емотивна, женствена и возбудлива приказна за растење, за кршливоста на срцето и за храброста повторно да се сака бесконечно. Книга за сите што веруваат дека љубовта секогаш го наоѓа патот — особено тогаш кога најмалку ја бараме.

„Книга за тие што веруваат дека љубовта секогаш го наоѓа патот — особено тогаш кога најмалку ја бараме.“

Анастасија Антеска

"Пишувањето не е само кариера, тоа е начин на документирање на невидливите нишки што нè поврзуваат сите нас."

— Лична белешка
Гласот зад зборовите

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО
АВТОРОТ

Анастасија Антеска (родена на 30.07.2009) припаѓа на оние ретки луѓе кај кои зборот е и дом, и сценa, и начин на живот . Од најрана возраст таа е поврзана со создавањето, пишувањето, говорот и театарот — простори каде што мислата добива форма, а емоцијата свој глас. Првите активности ѝ биле токму таму- на сцена, меѓу луѓе, и во тие простори таа го изградила својот природен свет кој е прв чин во нејзиниор развој. Растејќи под светлина на рефлектори, израз на душата и движење на телото, таа никогаш и не научила да го замисли животот поинаку.

Анастасија учествувала на бројни конкурси, натпревари и театарски претстави, секогаш водена од желбата да создава нешто автентично и свое. Нејзините дела се огледало на млад човек со силна чувствителност и со јасна верба дека уметноста постои за да нè поврзува.

Овој веб-сајт претставува официјална платформа за нејзините книги и творби — место каде што читателите можат директно да се запознаат со нејзината работа и со светот што таа го создава ,замислува и живее.

Книгата е срце што чука само во градите на друг. Ние сме само куратори на овие заеднички ритми.

Манифесто на ПОСТОИШ